АктуелноДомашна сценаКик бокс

Нов европски мегдан за македонските кикбоксери на „Гранд при Сараево 2025“

Викендов  македонските кик бокс тимови ќе настапат на ВАКО Европскиот куп „Гранд при Сараево 2025“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Нашата земја ќе настапи со 89 натпреварувачи со 93 влезови од 19 македонски кикбокс клубови.  Тимовите ќе ги предводи претседателот на Кик бокс маитаи федерација на Македонија Дејан Митровски-Урко со одбрана тренерската екипа составена од 23 тренери, а на овој куп ќе судат и нашите меѓународни судии Неделковска, Бубески и Симјановски.

На овој исклучително квалитетен европски кикбокс куп учество ќе земат 801 кикбоксери со 938 натпреварувачки влезови од 181 клуб од 20 држави.

Во склоп на Европскиот куп ќе се одржи и Куп за деца и помлади кадети „Сараево Гранд при опен куп 2025” на кој ќе настапат 14 наши млади спортисти од 7 клубови. На купот учество ќе земат 189 младинци со 211 влезови од  58 клубови од 9 држави.

„Како и на сите меѓународни купови и првенства на кои сме учествувале претходно и на овој куп очекувам македонска кик бокс жетва на медали. Овој куп е еден од куповите на кои се врши рангирање на спортистите за претстојните официјални првенства и секако е исклучителна можност за стекнување меѓународно искуство и одмерување на силите на нашите кикбоксери со европските противници. Спортистите се подготвени и ќе атакуваме на медали во сите дисциплини и категории. Им посакувам среќа и успех на сите учесници, а за медалите тековно ќе ве информираме” – изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на Кик бокс маитаи ферација на Македонија.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON