Две победи на Вероника Костовска на Премиер лигата во Кина

Вероника Костовска на Карате 1 Премиер лига во кинескиот град Хангжу забележа две победи и еден пораз е во првата група на турнирот и беше на чекор до пласман во четвртфиналето.

Костовска добро се претстави на Премиер лигата во Кина. Во првото коло славеше против Нина Раџеновиќ од Швајцарија 2-0, потоа се сретна со фаворитката за медал Атуса Голшаднежад од Иран 0-8, а во третиот настап даде се од себе и ја совлада светската вицешампионка Фатма Наз Јенен од Турција 3-1.

Вероника вели дека резултаот со Иранката не е вистинскиот одраз на она што се случувало на татамито.

Се надеваме дека на наредното издание на Премиер лигата Костовска ќе се вмеша во борбата за медалите.

Вероника беше единствениот претставник од Македонија на ова издание на Премиер лигата.

Резултати – Премиер лига, Кина:

-61 кг – 1.група
Вероника Костовска – Нина Раџеновиќ (Швајцарија) 2-0
Вероника Костовска – Атуса Голшаднежад (Иран) 0-8
Вероника Костовска – Фатма Наз Јенен (Турција) 3-1

Само првопласираните во групите ги продолжуваат натпреварите во четвртфиналето.

На Премиер лигата настапуваат 32-та најдобри каратисти во светот според ранг-листата на ВКФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО