Џони Нелсон верува дека Усик за следен противник ќе го избере Џозеф Паркер

Поранешниот боксер и шампион на ВБО во полутешка категорија Џони Нелсон смета дека следен противник на Александар Усик треба да биде Џозеф Паркер.

Имено, деновиве стигна наредба од ВБО дека непоразениот Украинец мора да го брани шампионскиот појас во тешка категорија против борецот од Нов Зеланд.

Паркер минатиот месец требаше да се бори со шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа, кој го откажа својот настап два дена пред настанот поради болест.

Новозеландецот боксирше против Мартин Баколе и победи со нокаут во втората рунда. По мечот покажа интерес за борба против Усик, како што два месеци претходно тоа го направи Дубоа.

Несомнено е дека Усик, кој моментално ги има титулите во тешка категорија на ВБО, ВБА и ВБЦ, сега е на мета на двете врвни тела, а ќе биде интересно да се види кого ќе избере Украинецот.

Во 2023 година Дубоа загуби од Усик, но потоа победи против неколку врвни борци, меѓу кои и Филип Хрговиќ.

Во последениот меч минатата година во септември, тој со нокаут во петтата рунда го победи Ентони Џошуа и го одбрани појасот на ИБФ во тешка категорија.

Паркер исто така е во одлична серија, забележувајќи импресивни победи во последните 18 месеци над Дионтеј Вајлдер, Жилеј Жанг и неодамна Мартин Баколе.

Британската боксерска легенда Нелсон смета дека Џозеф Паркер треба да добие шанса.

„Би му рекол на Усик, да сум во неговиот, како што се докажа против Даниел Дубоа. Го претепа, и тоа беше тоа. Дубоа сега е шампион на ИБФ, но веќе го помина. И сега сите знаат колку е опасен Даниел. Тој се издигна високо и е полн со самодоверба. Даниел добро го погоди Усик во нивната борба“, рече Џони Нелсон и продолжи:

„И сега се појави Џозеф Паркер. Тој е борец со кој Усик се уште не се борел. Можеби сака да земе друг скалп. Мислам дека би можел да ја избере таа борба. А Даниел е во добра форма, па зошто да не се бори со него подоцна? Но, секој има список со желби. На местото на Усик јас би одел по тој редослед, прво Паркер, па Дубоа… Тоа би бил мојот план“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО