Наоја Инуе се враќа во САД за одбрана на титулите

Неприкосновениот светски шампион во перо категорија Наоја Инуе ќе се врати во САД по тригодишна пауза за да ги брани титулите на 4 мај во Лас Вегас против 29-годишниот Американец Рамон Карденас (26-1, 14 КО), објави во средата Топ ранг.

„Благодарен сум на љубителите на боксот во САД кои ја следеа мојата кариера“, изјави Инуе. „Боксот во Лас Вегас е уште еден врв во кариерата и со нетрпение очекувам да приредам одлично шоу за сите присутни. Карденас е силен противник кој го почитувам што ја презема борбата без двоумење“.

Противник на Инуе првично требаше да биде Мексиканецот Алан Пикасо, но 24-годишниот ја одби борбата и беше заменет со Карденас (бр.2 ВБА, 7.ИБФ и 10. ВБО).

„Отсекогаш сум сакал да се борам за светска титула, но да се борам за сите титули одеднаш е остварување на сонот“, изјави Карденас. „Не се сомневав дека нашите патишта ќе се вкрстат, а кога ми понудија борба, веднаш се согласив. Не би рекол дека го постигнав џекпотот, но не можете да одбиете таква можност. Ова е можност што се случува еднаш во животот“.

Боксерската вечер на Топ ранг, на 4 мај, со Инуе ќе го заокружи напорниот викенд на почетокот на месецот. На 2 мај во Њујорк ќе се одржи гала вечер на која ќе учествуваат Рајан Гарсија, Девин Хејни и Теофимо Лопез, а на 3 мај во Ријад Сол Алварез-Канело повторно ќе се бори за титулата апсолутен светски шампион во суперсредна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО