Магомед Анкалаев е одликуван со Орден за заслуги на Република Дагестан

Раководителот на Дагестан Сергеј Меликов го одликуваше шампионот на УФЦ во полутешка категорија Магомед Анкалаев со Орден за заслуги на Република Дагестан, јави дописникот на ТАСС.

„Потпишав указ за заслуги за републиката, која благодарение на вас, нашите спортисти, е позната, почитувана, а на некои места дури и од која се плашат нашите ривали. И не само во рингот, на душекот, туку и таму каде што всушност од ривали се претвораат во непријатели. Нека знаат со каква сила и потенцијал располагаме и како можеме секогаш да одговориме на нивните напади“, рече Меликов на средбата со шампионот.

Анкалаев стана петтиот руски шампион на УФЦ и прв во полутешка категорија. Шампионските појаси претходно ги освоија Олег Тактаров, Хабиб Нурмагомедов, Петар Јан и Ислам Махачев, кој се уште ги држи во лесна категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО