Три медали за Македонија на Светскиот куп во Италија – златниoт медал е за Марија Димовска

Успешна кик бокс завршница на ВАКО Италијанскиот Светски куп, македонските кикбоксери се враќаат со три медали Лидо Дијесоло.

Медалите за Македонија ги освоија:

Марија Димовска ЛК Пос.Ј Ф -60кг – златен медал
Данило Методиевски ЛК Пос.Ј М-71 – сребрен медал
Андреа Ѓеорѓиевска – ЛК Пос.Ј Ф -60кг – бронзен медал
Давид Атанасовски – КЛ Пом.К М -57кг – 5то место
Максим Митровски -ЛК С М -75кг -9то место

„Сите 5 натпреварувачи покажаа извонредни борби, но сепак на вакви огромни спортски купови понекогаш е важна среќата, но некогаш одлучувачка е и судиската одлука која неретко е погрешна и пристрасна. Сепак, ова е огромно спортско искуство за нашите натпреварувачи и во нашата меморија овој куп ќе го паметиме како позитивно и успешно искуство. Немаме повреди, имаме медали, а тренерите Атанасовски, Димовски и Крстевски заедно со мене сме поискусни за уште еден светски куп со преку 2500 натпреварувачи од целиот свет. Годинава имаме уште многу купови и првенства за докажување и берба на медали, па затоа продолжувуме и понатаму со силни тренинзи”, изјави Дејан Митровски – Урко, претседател на КМФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО