Дaна Вајт откри кога Џон Џонс би можел да се врати на теренот откако го победи Стипе Миочиќ минатиот ноември.
Иако Џонс оттогаш молчи, Вајт е убеден дека ќе постигне договор за да го стави во октагонот против привремениот шампион во тешка категорија Том Аспинал во борбата за обединување на титулата. Аспинал неодамна изјави дека се е подготвено од негова страна и го чека датумот. Не е така со „Коски“, кој бара огромен хонорар за ваков меч.
И додека фановите се скептични за враќањето на Џонс, Вајт тврди дека ќе го видиме налето.
„Планот е Џон да се бори ова лето. Очигледно, кога, каде и сите овие работи сè уште се во прашање. Мојата цел оваа година е да ја направам таа борба со Аспинал. Мислам дека борбата што секој сака да ја види во моментов е Џонс и Аспинал.
Алекс Переира може да се бори со победникот“, изјави Вајт за Џим ром шоу.
View this post on Instagram