Анкалаев тврди: Не сум сигурен дека УФЦ ме цени, но ќе сакаат по оваа борба. Одамна ја заслужив оваа прилика

Не делат само неколку дена од настанот УФЦ 313 и борбата за титулата во полутешка категорија меѓу Алекс Переира и Магомед Анкалаев. Многумина сметаат дека Анкалаев е најтешкиот предизвик за Переира досега и човекот кој потенцијално може да го симне од тронот, но сето тоа ќе го видиме викендов.

Анкалаев конечно ја доби својата шанса да биде предизвикувач за титулата во полутешка категорија, но и покрај тоа, сепак чувствува дека УФЦ не го почитува доволно. Дополнително, смета дека требало порано да има можност за титулата:

„Не сум сигурен дека УФЦ сè уште ме цени, но по оваа борба дефинитивно ќе започне. Не ми е грижа како му влијае „валканиот муабет“ на Переира. Не знам дали ме зема при срце или не. Она што го знам е дека ќе гледам на борбата како да е последна досега. Ќе направам се што е потребно за да ја искористам оваа можност“, изјави Анкалаев за Мек лајф плус.

„Требаше одамна да ја добиеме оваа можност и оваа можност долго време ја заджуваше од нас. Ќе подготвиме сè што можеме за да победиме и ако сето ова го сфати лично, тоа е негова работа, тоа не е нешто за што ние сме загрижени. Ќе направиме се што е потребно за да победиме“, додаде тој.

Иако Анкалаев смета дека одамна ја заслужил можноста да атакува на титулата, таа веројатно дојде во вистинско време за него. Минатата година забележа две добри победи и сега може да се каже дека е легитимен предизвикувач во полутешка категорија, а дали ќе ја искористи шансата ќе видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО