Големата ММА ѕвезд Френсис Нгану го бара следниот противник за боксерски меч, а неодамна ги прозва Рико Верховен, Дерек Чисора и Владимир Кличко, а познато е дека најголема желба му е дуелот со Дионтеј Вајлдер.
Боксерскиот тренер Малик Скот, кој со години се грижи за кариерата на Бронзениот бомбардер, верува дека неговиот борец може да го запре моќниот Камерунец доколку некогаш се сретнат во рингот.
А во последно време многу се споменува нивната потенцијална борба откако Вајлдер ја загуби борбата против Кертис Харпер. Тие требаше да боксираат во април, а тоа требаше да биде првиот меч за Дионтеј по поразот од Жилеј Жанг.
Бронзениот бомбардер загуби од Кинезот со технички нокаут во петтата рунда во јуни минатата година, а тоа беше негов четврти пораз во последните пет меча.
Последниот меч на Нгану беше минатиот октомври, кога со нокаут во првата рунда во ММА меч го победи Бразилецот Ренан Фереира и ја освои титулата на ПФЛ во тешка категорија.
Предаторот имаше закажано два боксерски меча пред таа борба и ги загуби двата, прво од Тајсон Фјури со поделена одлука, а подоцна од Ентони Џошуа со нокаут во втората рунда.
Камерунскиот боксер сака повторно да влезе во боксерскиот ринг, а очигледно мислите му се насочени кон Вајлдер. Тренерот Малик истакнува дека Џошуа покажал како да се победи Нгану.
„Доколку тој меч биде договорен, тогаш Нгану ќе го почувствува гневот на Вајлдер. Слично нешто видовме и со Еј Џеј на неговиот меч со Френсис. Но, моќта на Џошуа и Вајлдер е различна. Ако ударот на Еј Џеј го собори на земја, тогаш што да очекуваме ако Вајлдер го удри со својот најдобар удар? Нгану тогаш ќе биде партен на спиење, исто како што го направи против Џошуа“, рече Малик Скот и продолжи:
„Овој меч може да предизвика голем интерес кај боксерската јавност, бидејќи станува збор за Вајлдер и Нгану, пресметка на двајца африкански кралеви. Тоа би била одлична борба и двајцата би заработиле добри пари. Тоа би било особено голем настан доколку се организира во Африка, тоа би било неверојатно. А, ако има човек кој може да го направи тоа, тоа е Турки Алалших“.