Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ во текот на својата кариера има голема поддршка од навивачите од Хрватска, но и од регионот.
Отсекогаш знаел да покаже колку ја сака земјата на своите родители, која фановите, покрај неговите врвни боречки вештини, знаеле да ја ценат.
Стипе го имаше своето деби во УФЦ во 2011 година, а го освои шампионскиот појас пет години подоцна кога го нокаутира во првата рунда Фабрицио Вердум.
Прво ја одбрани титулата во тешка категорија на УФЦ против Алистер Оверем, а потоа ги победи Жуниор Дос Сантос и Френсис Нгану.
Потоа следуваа три натпревари против Даниел Кормиер, откако ја загуби првата борба во јули 2018 година, Стипе ги доби другите две …
Го загуби шампионскиот појас во март 2021 година во реваншот против Френсис Нгану, а по тригодишна пауза, во ноември 2024 година загуби од Џон Џонс на спектакл во Медисон сквер гарден.
Стипе Миочиќ по тој меч најави крај на кариерата.
А за да му оддаде почит на најголемиот УФЦ тешкаш во историјата, најсилната светска ММА организација објави одлично видео за неговата кариера: