Македонските репрезентативци Ахмад Магомедов и Могамедгаџи Нуров освоија бронзени медали на вториот ранкинг турнир на УВВ „Мухамед Мало“ во Тирана, Албанија.
Магомедов и Нуров преку репасаж стогинаа до борбите за бронзени медлаи каде што извојуваа победи. Ахмад беше подобар од Американецот Еван Вик, а Нуров од Батирбек Цакулов од Словачка.
Интересна разврска имаше во категоријата до 97 килограми каде што настапуваше Нуров, првото место го освои Јапонецот Араш Јошида, а додека второто место му припадна на Ерфан Ализадех Малафех од Иран, кој совлада нашиот Нуров. Бронза освои една од најголемите ѕвезди во оваа категорија, Американецот Кајл Снајдер.
Во категоријата до 79 кг победник е Гаџимурад Алихмаев од Русија кој настапува под знамето на УВВ, сребрениот медал е за Валдимери Гамкрелидѕе од Грузија, а втората бронза му припадна на Хидир Курбан А Саипудинов од Бахреин.
На турнирот настапуваат речиси 500 борачи, меѓу кои има олимписки и светски шампиони. Ова е најконкурентен натпревар за заработка на поени за ранг-листата на УВВ, мало светско првенство!
Иран, Јапонија, Украина, Грузија, Ерменија, Кина, Казахстан, Киргистан и САД ги испратија своите најдобри селекции на турнирот.
Резултати „Мухамед Мало“:
79 кг
Ахмад Магомедов – Даулет Јергеш (Казахстан) 9-5 1/8 финале
Ахмад Магомедов – Гаџимурат Алихмаев (УВВ) 2-5
Репасаж
Ахмад Магомедов – Оргел Лила (Албанија) 0-0
За бронза
Ахмад Магомедов – Еван Вик (САД) 0-0
97 кг
Магомедгаџи Нуров – Ерфан Ализадех Малафех (Иран) 1-9
Репасаж
Магомедгаџи Нуров – Рихард Вег (Унгарија) 12-10
За бронза
Магомедгаџи Нуров – Батирбек Цакулов (Словачка) 4-0
70 кг
Фати Вејсели – Тао Веи (Кина) 10-2 1/8 финале
Фати Вејсели – Џејмс Грин (САД) 0-4