Фати Вејсели на вториот ранкинг турнир на УВВ „Мухамед Мало“ во Тирана, Албанија, забележа победа и пораз. Во првата средба го совлада Кинезот Тао Веи, а четвртфиналето загуби од светскиот вицешампион Џекмс Грин од САД.
Преостануваат настапите на Ахамд Магомедов и Могамедгаџи Нуров.
Резултати „Мухамед Мало“:
70 кг
Фати Вејсели – Тао Веи (Кина) 10-2 1/8 финале
Фати Вејсели – Џејмс Грин (САД) 0-4
79 кг Ахмад Магомедов – Даулет Јергеш (Казахстан) 1/8 финале
97 кг Магомедгаџи Нуров – Ерфан Ализадех Малафех (Иран)
На турнирот настапуваат речиси 500 борачи, меѓу кои има олимписки и светски шампиони. Ова е најконкурентен натпревар за заработка на поени за ранг-листата на УВВ, мало светско првенство!
Иран, Јапонија, Украина, Грузија, Ерменија, Кина, Казахстан, Киргистан и САД ги испратија своите најдобри селекции на турнирот.