Почнува „Мухамед Мало“ во Тирана – познати противниците на Вејсели и Магомедов

Денес почнува вториот ранкинг турнир на УВВ „Мухамед Мало“ во Тирана, Албанија, кој се одржува до 2 март, а Македонија ќе настапи со тројца борачи.

За Македонија настапуваат:

70 кг Фати Вејсели – Тао Веи (Кина) 1/8 финале

79 кг Ахмад Магомедов – Даулет Јергеш (Казахстан) 1/8 финале

97 кг Магомедгаџи Нуров – нема жребување

Борачите ќе ги води тренерот Абаз Емини.

Речиси 500 борачи ќе настапат на овој турнир, меѓу кои и олимписки и светски шампиони, ќе бидат во Тирана на вториот рејтинг турнир сезонава – „Мухамед Мало“. Ова ќе биде најконкурентниот натпревар за заработка на поени за ранг-листата на УВВ, мало светско првенство!

Иран, Јапонија, Украина, Грузија, Ерменија, Кина, Казахстан, Киргистан и САД ги испраќаат своите најдобри селекции на турнирот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО