Најдобар спортист на Радовиш за 2024 година е Здравко Постолов од РК Радовиш, а истоимениот клуб е прогласен за најдобра спортска екипа.
Борачите на Бучим Арон Николов, Илија Танчев и Марио Ананиев се прогласени за најдобри спортисти во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција, додека Наум Трајанов (БК Бучим) е тренер на годината.
Спортски работник за 2024 година е Јовица Трајчев од ФК Детонит Пачковица, а Тони Анчев од БК Бучим спортски работник за повеќегодишна работа.
За посебни спортски достигнувања призанија добија:
-Мехмет Усинов – БК Бучим – посебно спортско достигнување
-Митко Ашкилов – Мај тај клуб „Комбат“ – посебно спортско достигнување
-Миланчо Гинов – посебно спортско достигнување во маратон
-Здружение ,,Баскет спорт” – за 20 год. успешна организација на стритбол 3×3
-Здружение „Радовиш опен“ – за успешна организација на турнир во тенис
-Велосипедски клуб „Велолисец“ – за успешна организација на маратон плачковица
-Проект еко моментум – за успешна организација на „европска недела на мобилноста“
-Општински сојуз на училишен спорт – за успешна организација на „шестоноемвриска крос трка“
-Детски категории на ФК Детонит Плачковица“ – за омасовување на спортот