Тој е најдобар и ќе го победи Усик!

Привремениот светски шампион на ВБО во тешка категорија Џозеф Паркер (36-3, 24 КО) ја постигна третата последователна импресивна победа.

Овој пат Новозеландецот го совлада Мартин Баколе, кој беше запрен во вторатао рунда. И сега Паркер не ја крие желбата да се бори со Александар Усик (23-0, 14 КО).

Истото го сака и тренерот на Паркер, поранешниот светски шампион во средна категорија, Енди Ли. Тој е уверен дека Џозеф ќе го победи Украинецот.

„Тој (Паркер) е најдобриот тешкаш во светот, дајте му шанса да го докаже тоа“, повика Ли и додаде: „Го сакаме Усик. Џо ќе го победи. Џо е побрз, доволно е агилен, има и сила. Џо е помлад и посвеж, може да се натпреварува со него во се. Верувај ми, можеби нема да ми веруваш, но само верувај ми“.

Пред Баколе, Паркер ги победи Дионтеј Вајлдер и Жанг Жилеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО