Најмладите борци од Клубот за боречки вештини Будо од Кавадарци донесоа два златни медали од Абуи Даби Гранд слем џиу џицу светски турнир 2024-2025, натпревар во бразилско џиу-џицу, кое се одржа во Рим, Италија.
Изабела Зајков освои прво место во категоријата девојки жолт појас -63 килограми, каде после две победи се закити со златен медал.
Филип Зајков освои прво место во категоријата деца бели појаси -30 килограми, со две победи успеа да го освои златниот медал.
Дарко Димитриев имаше најголем предизвик во категоријата сениори сини појаси -69 килограми, но за жал не успеа да покаже се што знае и мораше да се задоволи само со учество на ваков светски натпревар, известуваат од клубот.
Во изминатиот период во февруари Клубот за боречки вештини Будо на Државното првенство во кикбокс освои 15 медали од кои осум златни, три сребрени и четири бронзени.
А пред државното првенство клубот настапи на Меѓународното првенство во бразилско џиу-џицу во Братислава, Словачка, каде што се закити со шест медали од кои два златни, три сребрени и еден бронзен.