Дмитри Бивол го победи Артур Бетербиев во реваншот за неприкосновен светски шампион во полутешка категорија минатиот викенд на настан во Саудиска Арабија.
Киргистанецот на тој начин му се одмазди за единствениот пораз во кариерата, кој четири месеци претходно му го нанесе Бетербиев во првата борба за обединување на појасите.
На спектаклот во преполната арена „АНБ“ во Ријад присуствуваа многу познати личности, меѓу кои и поранешни, сегашни и идни боксерски ѕвезди.
А посебно внимание на настанот привлече пресметката во тешка категорија меѓу Џозеф Паркер и Мартин Баколе, кои се согласија на мечот само два дена откако шампионот на ИБФ Даниел Дубоа се повлече од борбата.
Паркер го нокаутира Баколе во втората рунда, а камерата ја сними реакцијата на Усик и Џошуа:
https://twitter.com/boxingontnt/status/1893461576872493377
Промоторот на Баколе Бен Шалом истакнува дека Мартин и покрај тешкиот пораз ќе добие голема борба во мај.
„Мартин ја искористи оваа голема можност да го спаси настанот. Тоа беше огромен ризик и не знам кој борец би сакал да го стори тоа“, рече Бен Шалом, додавајќи:
„Се бореше со гаранција дека ќе добие голема борба во мај. Сè уште сме убедени дека тој е најопасниот тешкаш во светот, а тоа ќе го докаже во следната борба кога ќе ги заврши сите подготовки“.