Пет златни од вкупно 17 медали за македонските кикбоксери на Европскиот куп во Пловдив

Македонија го заврши настапот на „Бугарија Европски куп“ во Пловдив со 17 медали, притоа, македонските кикбоксери освоија 5 златни, 2 сребрени и 10 бронзени.

Злани медали освоија Нелсон узеир, Лука Змејкоски, Марија Димовска, Драган Пандев и Иван Гудев, сребрени Лука Кипровски и Димитар Стефановски, бронзите се за Андријано Димишковски, Калин Бабоски, Нина Колева, Силвио Мировски, Кристина Спиркоска, Маригона Зенуни, Сара Стојаноска, Леа Бошевска два и Крсте Трајкоски.

На Европскиот куп настапуваат 1376 кикбоксери со 2165 натпреварувачки влезови од 29 држави.

„На Европскиот куп во Пловдив каде учество земаа 29 земји со 1376 натпреварувчи во 2165 влеза нашите кикбоксери за Македонија донесоа: 5 злата, 2 сребра и 10 бронзи“, вели селекторот Дејан Митровски-Урко и додава:

„Годинава ова ни е прв меѓународен европски настан и добро е за искуство кај нашите натпреварувачи.

Можам да кажам дека можеме многу повеќе од ова, апел до Министерството за спорт да застане повеќе позади нас и да не поддржи да бидеме повторно најуспешен спорт во нашата земја“.

Лоу кик
Млади јуниори
+81 кг Лука Змејкоски – златен медал

Постари  јуниори
-60 кг Марија Димовска – златен
-60 кг Андријано Димишковски – бронзен
-63,5 кг Калин Бабоски – бронзен
-71 кг Данило Методиевски – 5.место
+70 кг Нина Колева – бронзен

Сениори
-71 кг Силвио Мировски – бронзен
-81 кг Лука Кипровски
-86 кг Нелсон Узеир – златен
-56 кг Кристина Спиркоска
-60 кг Кристина Спиркоска – бронзен

Кик лајт
Постари кадети
-52 кг Петар Лозановски – 9.место
-57 кг Драган Пандев – златен медал
-69 кг Димитар Стефановски – сребрен
+69 кг Сергеј Ушлиновски – 5.место
-42 Маригона Зенуни – бронзен медал
-55 кг Танкица Коцева – 5.место
60 кг Сара Стојаноска – бронзен медал
+65 кг Драгица Глигорова

Јуниори
-69 кг Дарко Нумановиќ – 17.место
-69 кг Петар Лазев – 9.место
-94 кг Иван Гудев – златен медал
-70 кг Анабела Стоцоваз – 5.место

Сениори
-50 кг Леа Бошевска – бронзен медал

Лајт контакт
Сениори
-50 кг Леа Бошевска – бронзен

К-1
Сениори
75 кг Максим Митровски – 5.место
75 кг Крсте Трајковски – бронзен
-81 кг Лука Кипровски – сребрен

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО