Боксерската федерација на Македонија распишува конкурс за селектор на репрезентацијата.
Оваа одлука ја донесе Управниот одбор на НБФ на седницата одржана на 17 јануари.
Според конкурсот, кандатите за селектор на националниот тим треба да ги исполнуваат следните критериуми:
-да е поранешен боксер или да има добро познавање од боксот или спортот;
-да е лиценциран тренер и има работно искуство во боксерската тренерска кариера;
-подготвен годишен работен план со националниот тим (план на подготовки и тренажен процес).
Предност на кандидатот е да има познавање барем на еден светски јазик.
Од друга страна, канидатот не треба да има правосилна судска пресуда, да не му е изречена мерка казна или прекршочна санкција забрана за вршење дејност, должност или професија.
Да поседува комуникациски, организациски и менаџерски способности како и способност за пренесување на знаење и вештини на натпреварувачите.
Да има постигнати резултати во професионалната кариера, односно освоени медали, трофеи, турнири. Предност е освојување на медали на Европско првенство, Светско првенство или олимписки медал.