Александар Волкановски започна тренинг камп во Тајланд.
Поранешниот шампион на УФЦ во перо категорија откри дека почнува да се подготвува за борба и наскоро ќе има официјални вести. Ова е интересна најава од Алекс бидејќи Илија Топурија неодамна изјави дека неговата борба ќе биде објавена оваа недела. Веројатно ќе видиме реванш меѓу нив двајцата.
Во последните недели се зборуваше за реванш меѓу нив на УФЦ 314, кој ќе се одржи во април на Флорида. Топурија и Волкановски се бореа во февруари 2024 година, тогаш Илија го нокаутира Алекс во втората рунда и му ја одзеде титулата во категоријата.
За Волкановски ова беше втор последователен пораз со нокаут и трет пораз во последните 4 борби.
View this post on Instagram