Нема да верувате кого Aлександaр Усик го сака како последен противник во кариерата: Зошто да не?

Украинскиот боксерски мајстор Александар Усик потврди дека му остануваат уште само две борби пред да се збогува со професионалниот бокс.

Усик, кој беше апсолутен шампион во полиутешка и тешка категорија, неодамна му нанесе два последователни порази на Тајсон Фјури, со што го испрати Британецот во пензија. Освојувачот на златен олимписки медал од 2012 година и еден од најдоминантните борци во неговата ера, на многумина им изгледа како боксер кој веќе има постигнато се што треба да се постигне.

Но, Усик има уште една цел пред да се збогува – борба против победникот во пресметката во тешка категорија меѓу шампионот на ИБФ, Даниел Дубоа и предизвикувачот Џозеф Паркер, што ќе се одржи на 22 февруари. Доколку ја добие таа борба, повторно би станал апсолутен шампион во тешка категорија, што ретко е постигнато во историјата, а никогаш во ерата со четири појаси.

Толку за претпоследната борба во кариерата, а кого предложи за последното појавување во рингот можеби ќе ве изненади!

Во интервју за ТНТ спорт бокс Усик спомна шокантно име – шампионот на УФЦ во полутешка категорија, Алекс Переира!

„Прво, борба со победникот на 22 февруари (Дубоа – Паркер), а потоа можеби ревијална (егзибицска) борба со Алекс Переира. Можеби, зошто да не? Алекс, дали го сакаш тоа“?

Покрај појасот кој моментално го поседува, Переира претходно го држеше и појасот во средна категорија. Тој е познат по својата прецизност и брутални нокаути, но останува прашањето како би се снашол во боксерски ринг, со оглед на тоа што многу ММА борци веќе се обиделе и не успеале.

Усик претходно изрази интерес за т.н. „Циркуска“ борба пред пензионирање, а на навивачите сигурно не би им пречело спектакуларното збогување од рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО