Дрикус ду Плесис постигна уникатен подвиг во историјата на УФЦ

Актуелниот шампион на УФЦ во средна категорија (до 84 кг), Јужноафриканецот Дрикус ду Плесис стана првиот и единствениот борец во историјата на лигата кој победил четири последователни противници од рангирањето на најдобрите борци, без разлика на тежинската категорија.

За време на борбата со Ду Плесис, Роберт Витакер беше рангиран на 15-тото место, а Израел Адесања беше рангиран на 13-тото место. Минатиот викенд, Дрикус имаше реванш со Шон Стрикленд и по вторпат го совлада. Пред нивната прва борба Шон беше рангиран на 8-то место на ранг-листата.

Сега, пред втората борба, Стрикленд ја држеше 14-та позиција во поредокот, без разлика на категоријата. Ова е дефинитивно огромно достигнување за Ду Плесис, кој победи тројца од најдобрите во светот во последните неколку борби за организацијата на Дана Вајт.

Сега се фокусира на Хамзат Чимаев, кој најверојатно е следен противник за него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО