Почина младиот ирски боксер кој претрпе серија силни удари, а судијата доцна го прекина мечот (ВИДЕО)

Младиот ирски боксер Џон Куни (28 години) почина по мечот против Нејтан Хауелс и тоа поради тешките повреди заработени од ударите во главата. Куни беше во подредена состојба во рингот, но и покрај многуте силни удари остануваше и продолжуваше да боксува.

Сепак, серија од 20 силни удари зададени едно по друго и тоа директно во главта, беше причина да реагира судијата и да го прекине мечот во деветата рунда. Иако на видео снимката не се гледа ништо драматично и делува дека се е во рамките на нормалното за бокс меч, сепак ударите биле многу опасни, а повредите на главата биле кобни. Седум дена по тој меч, Куни почина.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО