Општина Охрид ги прогласи најдобрите во спортот во својот град за 2024 година.
За спортист на годината во Охрид е избран Давид Крстески од Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ Лескоец, Тој на Европски куп во Софија ,Бугарија, беше прв во спаринг-борби ,Европско првенство во Копер, Словенија, 3 место спаринг-борби, актуелен државен првак.Тој го прими признанието од градоначалникот на градот Кирил Пецаков.
Признание за спортска легенда доби Соња Думбалоска Делова, која е долгогодишен судија на Охридскиот пливачки маратон, пливачки тренер и истакнат спортски работник.
Специјално признание доби и пливачкиот клуб Охридски бранови 2008 по повод 45 годишнината од малиот пливачки маратон – Илинденски куп.
Фото: Фејсбук Марјанчо Лазаревски