Претседателот на Вардар Љубиша Пешко поднесе оставка, клубот утре најверојатно нема да настапи на Државното првенство

Првиот човек на Боречкиот клуб Вардар поднесе оставка до Извршниот одбор на клубот.

Како што истакнуваат во дописот од клубот, причината за оставката на Љубиша Пешко е дека нема повеќе нерви и сили за да расчистува туѓи долгови.

„Целиот товар и долгови стекнати од претходното раководство, сума од 500.000 денари за измислени непостоечки суми. Пробавме во неколку наврати да побараме помош од раководството на ФБСМ, но не најдовме разбирање, ниту волја да се реши измислениот проблем.

Фактички, претходното раководство, иако нелегитимно, сега од нашиот клуб Вардар побарува да им исплатиме средства за личен доход, со што, преку извршители, го тероризираат клубот. Воедно, не добивме никаква финансиска поддршка и субвенции од Министерството за спорт, ниту од каква било државна институција“, велат од Вардар и потенцираат дека клубот е во подем со репрезентативци во сите возрасни категории.

„Ние си ја работиме работата одговорно, на сите натпревари борачите на Вардар се наоѓаат високо на пиедесталот, но да враќаме некому измислени долгови – не е хумано и најстариот клуб во државава е пред згаснување заради интригите на гробарите на македонското борење“, истакнуваат од клубот.

Најверојатно, наведуваат од клубот, лидерот Вардар утре нема да се појави сениорското Државно првенство во Штип.

„Извршниот одбор ќе се состане вечерва во клупските простории во СРЦ Кале и ќе донесе одлука кој ќе го замени претседателот во оставка и што ќе се преземе понатаму“, потенцираат од Вардар.

Потпретседателите Горан Андонов, Далибор Милановски и Гајдар Гајдаров:

„Мислиме дека претседателот Љубиша Пешко со оваа одлука ја покажува одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни.

Го знаеме претседателот како фајтер, неуморен борец, хуманитарец и за да донесе ваква одлука, сигурно имал голема мака и причина“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО