Боксерскиот ветеран, 41-годишниот Дерек Чисора (35-13, 23 КО) се бори против Ото Валин (27-2, 15 КО, 1 НЦ) во својата 49-та професионална борба на 8 февруари на настан во Манчестер.
Дел Бој својот (можеби) последен настап во рингот го планира налето, но промоторот Френк Ворен предупредува дека прво мора да го победи Швеѓанецот. Настапот на големиот Британец на настанот Полседниот танц најверојатно ќе биде неговиот последен меч на Островот.
Чисора е еден од најпопуларните британски борци во тешка категорија од оваа генерација, а кариерата сака да ја заокружи со 50 борби.
„Дерек мора прво да го помине Ото Валин. Пред него е тешка борба. Ако биде успешен, тогаш можеме да ја најавиме неговата 50-та борба налето“, рече Френк Ворен и продолжи:
„Може да биде некаде во јуни. Но, искрено, тој има полни раце работа. Ако Ото Валин има свој ден, тогаш Дерек би можел да биде во неволја. Може да биде непријатен клиент. Ова е последна борба на Дерек во Обединетото Кралство. Го нарековме Последниот танц и домашните фанови ќе уживаат“.
Чисора е двократен предизвикувач во тешка категорија и се борел со врвни борци во текот на неговата кариера, вклучувајќи ја и трилогијата против Тајсон Фјури. Тој е еден од најстарите активни борци во дивизијата.