Кој тешкаш имаше најмоќен удар? Тоа не се ниту Мајк Тајсон, ниту Дионтеј Вајлдер

Постојани се дебатите за тоа кој е боксерот со најсилниот удар на сите времиња. Дали е тоа Дионтеј Вајлдер или Мајк Тајсон? Но, за некои тоа е – Ерни Шејверс.

Американскиот боксер (76-14-1) оствари 70 победи со нокаут во текот на кариерата која траеше од 1969 до 1995 година.

Најстариот шампион во тешка категорија Џорџ Форман се бореше со одлични боксери, но секогаш рангираше два на врвот според нивната сила.

„Првиот е Џо Луис, а вториот е Ерни Шејверс. Но, многу луѓе знаеја да ме удрат силно – Али, Листон, Фрејзир, Лајл“, рече еднаш Џорџ Форман.

На многу избори за тешкаш со најмоќен удар, секогаш се појавуваат следниве: Ерни Шејверс, Рон Лајл, Џо Луис, Џорџ Форман, Дионтеј Вајлдер, Мајк Тајсон, Лери Холмс, Сони Листон, Роки Марчиано и Ленокс Луис.

Големиот Џорџ долго време ја истакнуваше деструктивната природа на поранешниот предизвикувач на светската титула.

„Не го вкусив ударот на Ерни Шејверс, но Рон Лајл „ме испрати во вселената“. Подоцна можев да станам консултант на НАСА“, се шегуваше Џорџ Форман.

Промоторот Лу Дибела често повторуваше дека Вајлдер бил најсилниот тешкаш на сите времиња, барем додека работеле заедно, но името на Шејверс секогаш било присутно кога се разговарало за најсилните боксери.

„Дионтеј Вајлдер веројатно има најголема моќ во еден удар. Тој е токму таму со Мајк Тајсон, Џорџ Форман и Ерни Шејверс. Ова се боксерите со најсилните удари во историјата на тешката категорија“, изјави Лу Дибела.

Холивудскиот актер Џон Кјузак е голем љубител на боксот и на прашањето кој има најмоќен удар меѓу тешкашите, без многу размислување рече:

„Сите ќе се согласат, тоа секогаш беше Ерни Шејверс“.

Последните два меча американската легенда ги имаше во 1995 година, по пауза од осум години.

Прво го победи Брајан Морган, а потоа загуби од Брајан Јејтс со нокаут во втората рунда. После тоа дефинитивно се пензионираше.

Ерни Шејверс почина на 1 септември 2022 година на 78-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО