Пешко: Агендата на шмапионот Вардар е да создава репрезентативци

Утре во Кочани ќе се одржи Државното првенство во борење слободен стил и борење за жени во У-23, со тоа почнува новата сезона во борење и е можност за докажување и афирмирање на македонските борачи.

Бранител на титулата по завршувањето на минатогодишните првенства е Вардар од Скопје кој во преодниот го напуштија борачи, но затоа дојдоа нови натпреварувачи.

Првиот човек на Вардар Љубиша Пешко пред стартот на натпреварувачката сезона вели:

„Нашата нова програмска ориентација е насочена кон создавање на нови млади борачи и борачки и организациско и стручно реорганизирање на БК Вардар.

Агендата на Боречкиот клуб Вардар останува како минатата година, кога станавме екипни шампиони на Македонија, да создаваме државни репрезентативци, а потоа за меѓународната програма би требало Федерацијата да продолжи со посериозно надоградување на борачите“.

Пешко истакнува дека оваа сезона имале сериозен одлив на квалитетни борачи, како Рамадан Мустафовски, Бехар Мамути, близнаците Стефан и Љупче Митеви, Аид Салихаси, на кои им пожелува да имаат поуспешна боречка кариера во новите клубови.

„Можам да кажам дека Ахмад Магомедов (бронзениот од Европското првенство) го одбра БК Вардар за да ги подобри своите квалитети и форма .

Со доаѓањето на Кирил Малцев, Петар Тодев и Реџепи Таири се надевам дека на  престојните државни првенства во У-23 и за сениори, вардарци ќе постигнат солиден пласман и ќе обезбедат место во државните селекции што ќе не претставуваат на европски и светски првенства“, вели Пешко додавајќи дека голем хендикеп им се повредените борачи, но тоа е, како што вели тој, дел од спортот.

„Иако сме со супер состав и квалитет, бевме на размислување да „апстинираме“ од  натамошните првенства, поради економски причини (немаме добиено никакви средства од институциите) и продолжуваме да работиме, иако сме со салдо НУЛА. А во септември сме домаќини и организатори на Меѓународниот турнир „Бојан Рангелов и Насе Насев“, вели првиот човек на Вардар и додава:

„Се надевам дека на престојните државни првенства сите учесници и клубови ќе се претстават во најубаво светло, со фер-плеј и без инциденти. Нека победи подобриот“!

Состав на Вардар за Државното првенство во У-23 во Кочани:

57 кг Виктор Аврамовски
61 кг Мартин Кузмановски
65 кг Константин ?
70 кг Стефан Зашков
74 кг Александар Миланов
74 кг Марко Андонов
79 кг ….
86 кг Лука Давитковски
86 кг Реџхеп Таири
86 кг Адам Модосјан
92 кг Даниел Манов
97 кг Александар Марковски
97 кг Марко Топузовски
125 кг Кире Малцев
125 кг Марко Поповиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО