Рико Верховен е „Борец на годината“ во Глори за 2024-та.
Кик бокс лигата го објави ова на својот профил на социјалните мрежи. Доминантниот шампион во тешка категорија имаше 4 борби во изминатата 2024 година. Во март Верховен учествуваше на турнирот во тешка категорија на Глори. „Кралот на кикбоксот“ во една вечер успеа да ги победи Софијан Лајдуни, Набил Качаб и Леви Ригтерс. Така го освои турнирот.
Во декември Верховен повторно се соочи со Ригтерс. Рико со одлука успеа да го совлада и така по 12-ти последователен пат ја одбрани титулата. Верховен останува непоразен во Глори од 2012 година. Во 2017 година тој ја освои наградата Глори Борец на годината. Сега скоро 8 години подоцна повторно е борец на годината.
Верховен има скор од 65-10 во кик бокс и победи во 21 борба со нокаут. Досега не е познато кога и каде ќе го видиме Верховен во рингот. Во април Глори започнува турнир во тешка категорија, но Рико се уште не е објавен како учесник.
View this post on Instagram