Бо Никал: Официјално е дека Топурија и Волкановски се борат на УФЦ 314

На почетокот на месецов медиумите објавија дека УФЦ подготвува реванш меѓу Илија Топурија и Александар Волкановски. Тогаш новинарот Алваро Колменеро откри дека борбата ќе се одржи на настанот УФЦ 314, кој ќе се одржи на почетокот на април во Мајами, Флорида. Сега веста ја потврди и Бо Никал кој тврди дека се е официјално.

Никал неодамна учествуваше во поткаст на јутјуб каде си зеде слобода официјално да ја потврди борбата. Дана Вајт и УФЦ се уште не го направиле тоа, но Бо е категоричен дека овој реванш се случува. Во февруари 2024 година Топурија го нокаутира Волкановски и го симна од тронот во перо категорија.

Илија има скор од 16-0 во ММА и победи 6 пати со нокаут и 8 со завршница. Топурија е во серија од 8 последователни победи во УФЦ. Во последната борба го нокаутира Макс Холовеј во октомври 2024 година во Абу Даби. Волкановски има скор 26-4 во ММА и е во серија од 2 порази. Тој има добиено само 1 од последните 4 борби во УФЦ.

Александар завршил 16 од неговите борби и бил нокаутиран 3 пати во кариерата.

„Тоа е официјално. Сигурно го знам. Знам дека Илја Топурија и Алекс Волкановски се борат на УФЦ 314 во април. Не го разбирам овој реванш. Илија чисто го нокаутира. Тоа беше тежок нокаут. Не гледам пат до победа за него. Не знам дали нивната борба е најавена, но дефинитивно ќе се случи. Во моментов го објавувам. Илија – Волкановски 2 на УФЦ 314 во април“, изјави Никал.

Вчера Волкановски истакна сека се чувствува подготвен за враќање и покрај тоа што за него нема цврсти планови од страна на УФЦ.

„Како што кажав, ништо не е договорено. Ќе бидам подготвен во март или во април. Се уште немаат точен датум, но реков дека враќањето за неколку месеци е реална опција. Април звучи како добра шанса, но никогаш не можеш да бидеш сигурен“, изјави Волкановски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО