Макпетрол со најмногу признанија во изборот на најдобрите во карате спортот за 2024 година

Карате клубот Макпетрол во изборот на најдобрите каратисти, тренери и клубови на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) повторно е со најбројни признанија за најдобри резултати во највозрасните категории на карате спортот.

Карате клубот Макпетрол доби вкупно 10 признанија.

Во сениорска конкуренција прворангиран е Петар Заборски, а веднаш до него е Петар Спасеновски, додека кај помладите сениори (У-21), клубот заблежа апсолутна доминација – Стефан Стојановиќ е најдобар каратист, Витомир Трајковски е втор, Данило Божовиќ е трет.

Кај девојките во помлади сениорки (У-21) прворангирана е Јована Мицовска. Викторија Јовановска е трета кај сениорките, додека кај кадетите во дисциплината кати Никита Лековски го зазеде второто место.

За најдобар тренер во младинска конкуренција, веќе трета година последователно, е избран тренерот на Макпетрол Петар Заборски.

Макпетрол е прогласен за најдобар клуб во младинска конкуренција.

На свеченото доделување на наградите во Скопје не присуствуваа Петар Заборски и Петар Спасеновски кои настапија на Карате 1 Премиер лигата во Париз во улога на тренер и натпреварувач. Спасеновски беше блиску до пласман во четврфиналето, а Заборски положи за највисоката тренерска лиценца на ВКФ.

Од Макпетрол нагласуваат дека оваа година се стремат да бидат најдобри во сениорска конкуренција бидејќи за таков успех имаат квалитет и шампионски дух. Во клубот радуваа и тоа што се подмладува и тренерскиот кадар.

Наградени спортисти и тренери од Макпетрол:

Кумите сениори мажи
1.Петар Заборски – прво место, сениори
2.Спасеновски Петар – второ место, сениори

Кумите сениори жени
3.Јовановска Викторија – трето место, сениорки

Кумите сениори до 21 година жени
1.Јована Мицовска – прво место, помлади сениорки (У2-1)

Кумите сениори до 21 година мажи
1.Стефан Стојановиќ – прво место, помлади сениори (У-21)
2.Витомир Трајковски – второ место, помлади сениори (У-21)
3.Данило Божовиќ – трето место, помлади сениори (У-21)

Најдобар тренер во младинска конкуренција
Петар Заборски

Најдобар клуб во младинска конкуренција
Макпетрол – Скопје

Ката кадети мажи
2.Никита Лековски – второ место, кадети

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО