Никита Крилов против Доминик Рејес на УФЦ 314

Борците на УФЦ во полутешка категорија Доминик Рејес и Никита Крилов ќе се соочат во октагонот.

Двајцата ветерани се соочуваат на боречката карта на претстојниот настан УФЦ 314, кој е закажан за 12 април. Иако УФЦ се уште нема објавено локација за галата, Мајами моментално е фаворит.

Рејес има скор од 14-4 во ММА и е во победничка серија од 2 борби. Во последната борба во декември 2024 година го победи Ентони Смит. Доминик заврши 11 од своите натпревари и 3 пати падна со нокаут. Тој беше во серија од 4 порази, но минатата година ја прекина со победите над Дастин Џејкоби и Смит.

Рејес двапати се бореше за титулата, но загуби од Џон Џонс и Јан Блачович.

Крилов има скор од 30-9 во ММА и е во победничка серија од 3 борби. Во неговата последна борба во март 2023 година го победи Рајан Спан. Никита заврши 28 од своите мечеви и загуби 7 пати со одлука. Тој е поранешен шампион на руската ФНГ лига и победи на 5 од неговите последни 9 борби во УФЦ.

https://twitter.com/BigMarcel24/status/1882839137654624725

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО