Рускиот борец од Ултимејт фајтинг шампионат (УФЦ) Умар Нурмагомедов беше опериран откако ја загуби борбата за титулата во бантам категорија против Грузиецот Мераб Двалишвили. На главниот настан на УФЦ 311 во Лос Анџелес Нурмагомедов загуби со одлука на судиите и повеќе не е непоразен во ММА.
Нурмагомедов рече дека ја скршил раката во првата рунда. Тој покажа фотографии од кршењето и рече дека не може да верува во поразот. Умар сега се опоравува по успешната операција. Нурмагомедов покажал рендген слика на раката по операцијата.
29-годишниот Дагестанец ја прекина серијата од 18 последователни победи. Во наредните месеци планира да оди на одмор, а како датум за враќање го посочува летото оваа година.
Ова е фотографијата што Нурмагомедов ја сподели по операцијата:
🚨| Umar Nurmagomedov has successfully undergone surgery on his broken hand suffered in his #UFC31 defeat to Merab Dvalishvili last weekend. pic.twitter.com/faxlD3309X
— MMA Orbit (@mma_orbit) January 23, 2025