Апсолутниот шампион во полутешка категорија Артур Бетербиев (21-0, 20 КО) е уверен дека му се потребни промени и подобрувања за да ги задржи титулите по претстојниот реванш против Дмитри Бивол (23-1, 12 КО), кој е закажан за 22 февруари во Ријад (Саудиска Арабија).
Потсетуваме дека во октомври минатата година Бетербиев со тесна одлука за поени го совлада Бивол.
„Некои луѓе велат дека имавме тесна борба или нешто слично, се чувствувам како да сум победил. Вака или онака, тоа сега е минато, и ако сакав да ги освојам сите појаси, сега целта ми е да ги задржам во реваншот, само треба да бидам подобар и да направам доволно за да победам. Мислам дека можеме да промениме некои работи. Треба да ги направиме овие промени за да победиме. Се надевам и верувам дека втората борба ќе биде поинтересна од првата, бидејќи сега се познаваме“.