Како што полека се наближува викендот, а со тоа и одличниот настан УФЦ 311 предводен од Ислам Махачев и Арман Царукјан, се повеќе борци ја коментираат оваа главна борба на вечерта. Иако Ислам е фаворит како шампион, многумина порачаа дека нема да бидат изненадени доколку Арман победи на овој меч.
Александар Волкановски е борец кој од прва рака, двапати, го доживеал она што Ислам може да го направи во кафезот. Волкановски синоќа прогнозираше како би можела да изгледа оваа борба, односно каков пристап ќе има Ислам:
„Ислам сигурно се бори. Мислам дека повеќето од бегања го ставаат во подобра позиција, а што се однесува до удирачкиот дел, и тука е самоуверен. Мислам дека Арман е многу поагресивен, презема повеќе ризици, што може да остави дупки за Ислам да погоди добри удари и веднаш да постигне поени“, рече Волкановски на својот канал на Јутјуб.
„Ова е многу, многу забавна борба, многу, многу конкурентна. Но, мислам дека Ислам ќе го победи. Сепак, Арман не треба да биде толку аутсајдер. Ислам е толку добар, но и Арман е добар. Ќе кажам дека Ислам ќе победи и со право е голем фаворит. И двајцата се одлични, но Ислам е прв „паунд 4 паунд“ со причина“, додаде тој.
Она што со сигурност може да се каже е дека ни претстои многу добар меч, но дека Ислам со право е фаворит. Станува збор за борец кој двапати по ред го совлада Волкановски, а потоа и Дастин Пориер, па навистина е тешко да се замисли дека ќе загуби сега.