Тајсон веќе потроши повеќе од половина од заработката од борбата со Пол, еве каде отидоа силните милиони

Контроверзниот меч меѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол, со преку 108 милиони гледачи ширум светот и 65 милиони преноси во живо, нема сомнеж дека настанот беше, барем финансиски, исклучително успешен.

Иако хонорарите за борбата не се официјално објавени, извештаите сугерираат дека Џејк Пол заработил околу 40 милиони долари за борбата, додека Тајсон заработил околу 20 милиони долари.

Според извештајот на Палм бич пост од Флорида, Тајсон максимално го користи дополнителниот приход што го оствари минатата година. Тој потроши огромни 13 милиони долари за купување на нов имот.

Според посебен договор за гаранција поднесен претходно оваа недела, новиот имот на Тајсон, кој се протега на 2,7 хектари, е еден од 78-те имоти лоцирани во ексклузивната област Tierra del Rey Estates на Делај Бич и вклучува пристап до приватно езеро.

Сликата подолу покажува еден од имотите со приватно езеро во областа, но тоа не е сопственост на Тајсон.

Претставникот за продажба на Тајсон, Џозеф Џонатан Шнајдер, изјави за медиумите:

„Ова беше успешна трансакција во која сите страни покажаа професионализам и соработка. Семејството Тајсон е ценет клиент и пријател долги години и беше задоволство да се работи со нив“.

Агентот за недвижности Метју Машлер претходно објасни како Тајсон бил привлечен да купи имот во Tierra del Rey Estates (што во превод значи „Земја на кралевите“) откако неговата ќерка почнала да игра тенис.

„Во суштина, го привлече фактот што неговата ќерка игра тенис во Делреј, па сака да може да лета, да го гледа тенискиот меч на неговата ќерка, да се врати во авионот и да лета каде и да тргнал“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО