Љубителите на боксот се во возбудлива акција следниот месец, бидејќи Дмитри Бивол ќе бара одмазда во борбата за апсолутната титула во полутешка категорија против Артур Бетербиев.
Поранешниот шампион на ВБА ќе се обиде да го врати тронот во дивизијата на 22 февруари на настанот „Последното крешчендо“ во Ријад, откако загуби со мнозинска одлука од Артур во средината на октомври.
Многумина веруваат дека Бивол направи доволно во таа борба да го собори Бетербиев на Кингдом арената, но сега му се дава нова шанса во меч на кој се заложени сите четири шампионски појаси.
„Ова е добра можност за мене. Знам дека на луѓето им се допадна првата борба и сакаат уште еден меч. Но, сега сакам да бидам победник. Порано сакав да ги имам сите тие појаси и ништо друго. Но, денес барам повеќе – одмазда. Сакам повторно да победувам“, рече Дмитри Бивол и продолжи:
„Сега не се работи само за појаси. Морам доволно да се променам и да докажам дека сум подобар. И тоа веќе може да се види во пристапот во мојот тренинг камп. Работам многу на себе и сакам да бидам подобар и посовршен. Се трудам да дадам се од себе. Не верувам премногу во среќата, таа ќе им дојде на оние кои премногу се трудат. И јас работам и среќен сум поради тоа. Немам посебни пораки. Јас не сум поштар. Ќе разговараме во рингот“.
Но, за разлика од Бивол, шампионот изјави дека неговиот противник во првиот меч имал среќа што мечот не завршил порано.
„Убаво е чувството да се биде шампион. Мојата цел е да ги задржам појасите. Ќе дадам се од себе да го направам тоа. А ако сака нека се обиде да се одмазди, нема проблем. Морам повторно да бидам добар за да победам. И не е важно како другите ме гледаат“, нагласи Артур Бетербиев, додавајќи:
„Не знам зошто не го нокаутирав во првата борба. Претпоставувам дека имал среќа таа вечер. Мислам дека ќе биде добра борба на 22 февруари. Мојата порака е – бидете подготвени и ништо повеќе“.