Усман Нурмагомедов е повеќе од самоуверен пред неговата следна одбрана на титулата во лесна категорија на Белатор.
Братучедот на Хабиб Нурмагомедов ќе се бори со Пол Хјуз на главниот настан на ПФЛ настанот, кој ќе се одржи на 25 јануари во Дубаи. Нурмагомедов ќе ги заложи и титулата и статусот непоразен. Хјуз велеше дека го сака Конор Мек Грегор во неговиот агол и Хабиб во аголот на Усман.
На крајот се дозна дека Конор нема да биде во аголот на Пол, а Хабиб најверојатно ќе биде во аголот на Усман. Нурмагомедов има 7 победи под закрила на Белатор и две одбрани на титулата во организацијата. Тој беше прашан што мисли за идејата Мек Грегор да биде во аголот на Пол за да му помогне со совети за време на борбата.
„Не е важно. Дури и Конор Мек Грегор да влезе во кафезот, ќе ги победам и двајцата. Не ми е гајле“, рече Нурмагомедов.
View this post on Instagram