Наташа Стефановска: Да се надеваме дека среќата ги прати храбрите!
Наташа Стефановска од КК Макпетрол беше избрана за најуспешна сениорка во 2015 година од страна на Македонската карате федерација.
„Чувството да се добие вакво признание е секако прекрасно за мене. Мојата желба за оваа година е да ја крунисам со медал од Европското или Светското првенство. Секако, одиме чекор по чекор, заедно со нашиот тренер Бошко Заборски, а и целиот КК Макпетрол. Оваа година ќе биде напорна, меѓутоа тренажниот процес веќе почна и ќе го дадам мој максимум и ќе се надевам на најдоброто“, изјави за Ipon.mk Наташа Стефановска.
Таа минатата година го освои бронзениот медал на Карате 1 Премиер лигата во Салзбург, Австрија.
„Мора да се помине долг и напорен пат за да се дојде до целта. И да се надеваме дека среќата ги прати храбрите“, заклучува Стефановска.
Ipon.mk/В.Д.





