Дионтеј Вајлдер (43-4-1) доби изненадувачки предизвик од меѓународниот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Андриј Новицки (14-0), по победата на Украинецот во Ријад над Едгар Рамирез (10-2-1).
Андриј го доби микрофонот по победата иј ја искористи предноста да и фрли ракавица на една од најголемите ѕвезди во светскиот бокс.
Сепак, „Бронзениот бомбардер“ е во најтешкиот дел од кариерата. Тој ги забележа сите четири порази во кариерата во последните пет меча и додека многумина го повикуваат да се пензионира, тој е категоричен дека ќе продолжи да се бори. Дали ќе ја прифати понудата на Новицки, останува да видиме.