Тајсон Фјури: Мислев дека победувам. Се колнам во Бога, бев сигурен дека победив во последните три рунди

Тајсон Фјури не го криеше разочарувањето по вториот пораз од Aлександaр Усик на реваншот меѓу нив одржан во Саудиска Арабија.

Повторно загуби на поени, а сите судии едногласно му ја доделија победата на Украинецот со резултат 116-112 „Ромскиот крал“ брзо го напушти рингот и одби да даде интервју. Зад сцената, сепак, се слушна како му вели на член на неговиот персонал:

„Мислев дека победувам. Се колнам во Бога, бев сигурен дека победив во последните три рунди.

Дали ќе се борам пак во иднина? Не сум сигурен. Може да ме видите пак, но можеби и нема да ме видите повторно“.

Фото: Скришот Х

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО