Вечерта пред големиот реванш меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури беше резервирана за мерењето.
Фјури прв пристигна на сцената, а по него Усик. Вагата покажа на Кралот на Ромите 127,5 килограми, додека Усик во мечот ќе влезе со 102,1 килограми.
Британецот во саботната пресметка ќе влезе со 25,4 килограми повеќе од непоразениот светски шампион Усик.
По мерењето, Фјури не беше расположен да даде изјава и само ја напушти сцената, а Усик рече:
„Мојот ангел и Господ ми помагаат. Моето семејство, мојот тим и мојата сопруга ми помагаат.
И двајцата боксери се здебелија за реваншот, но Фјури изгледа добро работеше на својата тежина“.
Имено, во пресрет на првата борба, Британецот тежеше речиси 119 килограми, што е осум и пол килограми помалку од сега, додека Усик тогаш беше нешто полесен (102 килограми).
Пред мерењето, промоторот на Фјури, Френк Ворен, истакна што очекува од Тајсон во реваншот.
„Ни делат само 24 часа од една од најголемите борби што ќе ги видиме. Никогаш не сум видел ваков меч меѓу Усик и Фјури. Ниту еден не сакаше да го тргне погледот, што доволно говори за тоа колку е голем мечот. И двајцата се во тоа до максимум, никогаш не сум видел вакво полнење“, изјави Френк Ворен и додаде:
Tyson Fury will have 55 pounds over Oleksandr Usyk in their rematch tomorrow 😳 pic.twitter.com/Sq1YXddB5H
— Happy Punch (@HappyPunch) December 20, 2024
„Ова е различен Тајсон Фјури. Сега нема да го видите како се гушка и бакнува некого. Само што разговарав со неговата сопруга и таа ми вели дека никогаш не го видела вака. Размислува само за една работа: „Сакам да победувам“. Но, знам што ќе се случи. Штом ќе се огласи гонгот, овие борци се подготвени да приредат шоу од 12 рунди, а Тајсон веднаш ќе биде на него“.
Tyson Fury was NOT trying to face off with Usyk for 11 minutes again today 😂 pic.twitter.com/zmF2QoNOGD
— Happy Punch (@HappyPunch) December 20, 2024