Алекс Переира: Магомед Анкалаев не е следен противник за мене

Актуелниот носител на титулата во УФЦ до 93 килограми, Бразилецот Алекс Переира, во објава напиша дека негов следен противник нема да биде врвниот руски УФЦ борец Магомед Анкалаев.

Во неговата последна борба, која се одржа на 6 октомври во Солт Лејк Сити на турнирот УФЦ 307, Алекс го подели октагонот со врвниот американски борец Халил Раунтри. Борбата заврши со победа на бразилскиот спортист со технички нокаут во четвртата рунда.

Сите очекуваат Переира да се бори со Анкалаев, но Алекс планира да го натера да почека. На профил на социјалните мрежи „Поатан“ изјави дека во следната борба нема да се бори со Дагестанецот.

„Нема да биде Анкалаев“!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by HOME OF FIGHT (@homeoffight)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО