Светскиот шампион во тешка категорија Александар Усик неодамна изјави дека Тајсон Фјури е најдобриот боксер со кој се борел. Непоразениот Украинец во средината на ма го совлада Фјури во нивната прва средба.
Во мечот за обединување на појасите, Усик со поделена одлука го победи Тајсон Фјури, што беше прв пораз во неговата кариера. Во сабота ќе има реванш на кој Александар ќе ги брани титулите во ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ.
Украинскиот боксер во текот на својата кариера извојува 22 победи и се бореше со многу големи борци (Џошуа, Дубоа, Чисора,…), а по победата над Фјури остана сам на тронот на најпопуларната категорија во боксот.
Во неодамнешното интервју за ДАЗН, тој уште еднаш ги пофали вештините на Фјури, а на прашањето дали Фјури е најдобриот борец со кој се соочил во рингот во текот на неговата 11-годишна професионална кариера, тој без многу размислување одговори потврдно.
„ Веројатно да. Фјури е огромен, има добри вештини, брилијантно размислува… Тој е како змија“, изјави Александар Усик.
Усик изјави дека неговата приказна меѓу тешкашите би можела да заврши доколку уште еднаш го победи Фјури и ќе се обиде уште еднаш да ги обедини појасите во полутешка категорија, додека Фјури не ја крие желбата за трилогија.