Првата борба за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик требаше да се одржи во февруари, но кога Џипси Кинг се повреди неколку недели претходно, борбата беше одложена за средината на мај.
Фјури доби расекотина над десното око во спаринг мечот со хрватскиот тешкаш Агрон Смакиќи. Храватот боксер го удри Британецот во клинчот и го пресече, по што Тајсон тргна во неговиот агол, незадоволно одмавнувајќи со главата.
Откако по вторпат беше одложена големата пресметка, Турки Алалших изјави дека следниот кој ќе го откаже мечот ќе треба да плати десет милиони долари. И Усик и Фјури се согласија на тој услов.
„Напорно тренирав, бев подготвен за ‘рокенрол’. Разочаран сум што мечот беше одложен. Се подготвував долго време. Веќе пет недели сум во Саудиска Арабија, разделен од семејството. Бев сто проценти убеден дека ќе го нокаутирам Усик“, изјави тогаш Тајсон Фјури.
Дуелот беше одложен за три месеци, а Кралот на Ромите сега се пожали дека поради таа расекотина не можел да тренира и да спарира што е можно повеќе. Тој жали што потоа повторно не го одложил мечот без разлика на цената што ќе требало да ја плати.
„Подготовките сега беа многу полесни. Тренирав правилно и направив многу спаринзи. А кога ќе помислам на подготовките на почетокот на годината и кога ја добив таа длабока расекотина над окото, требаше да ја одложам борбата без разлика што ќе треба да ги платам тие десет милиони“, изјави деновиве Тајсон Фјури и продолжи:
„Но, тоа сега веќе не е важно. Сега сум тука, подготвен да ја завршам работата. По последниот меч уживав во животот и го поминав тренинг кампот. И кога ќе заврши борбата против Усик, ќе продолжам“.
На 21 декември Александар Усик ќе ја брани светската титула на ВБА (Супер), ВБО и ВБЦ во тешка категорија против Тајсон Фјури на настан во Саудиска Арабија.