Катерина Ацевска номинирана за млад спортист за 2024 година: Голем успех за нашиот спор и за нашата Федерација

„Голем успех за нашиот спорт и за нашата Федерација“, велат од Македонската џиу џицу Федерцаија по номинирањето на Катерина Ацевска за млад спортист за 2024 година од страна на Министерството за спорт.

„Позади неа во 2024 година се врвни резултати, како што се златен медал на Балканско првенство (Романија), сребрен на Европско првенство (Романија), втора на Европски куп (Белгија), втора на Г1 турнир (Иралија), прва на Меѓународен турнир (Словенија), најдобар женски борец (Лозница, Сараево и Јахорина), државен првак на Македонија и моментално трета во светот според најновата Светска ранг-листа“, истакнуваат од Федерацијата.

Покрај Ацевска за млад спортист се номинирани:

Ива Младеновска – ракомет
Марија Димовска – кик бокс
Теона Голабовска – фудбал
Мери Бошковска – одбојка.

„Голем успех е секако и самата номинација поради фактот што се работи за 45 национални спортски федерации и иљадници спортисти во нив.

Сега се е во рацете на спортските федерации кои ќе гласаат за една од петте спортистки. Ние на сите им честитаме на изборит и нека победи најдобриот“, велат од МЏЏФ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО