Мек Грегор за судски трошоци ќе плати 1,5 милиони евра поради случајот за силување

Ирскиот борец Конор Мек Грегор беше прогласен за виновен во случајот со силување на Никита Хенд, која го пријавила во полиција уште во 2021 година.

Мек Грегор по пресудата повтори дека не се чувствува виновен затоа што интимните односи со жртвата наводно биле со согласност.

Судот му нареди на Мек Грегор да ѝ исплати отштета од 250.000 евра на силуваната девојка, но тоа е само почетокот на проблемите затоа што Ирецот и за судиски трошоци ќе треба да плати околу 1,5 милиони евра.

Тој, исто така, се соочува со потенцијално непочитување на судските обвиненија, откако членовите на поротата што ја донесоа одлуката ги нарече „кенгури“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО