Андреа Нисева е на базични подготовки од 2 до 22 декември во Тетевен, Бугарија, со уште 30-сетина борачки.
„Андреа, како талент, е поканета од селекторот на бугарската репезентација Мирослав Гочев (поранешен борач на Балканец). Ова се првите подготовки под негов раководсвто затоа што пред една недела е избран за селектор и прв човек на жеското борење во Бугарија. Гочев е одговорен за кадетска, младинска и сениорска возраст до следната Олимпијада во Лос Анџелес 2028 година“, вели тренерот на штипска Олимпија Методи Сичков.