Македонското знаме блесна во олимписката арена во Канада

Изминатиов викенд 30 ноември-1 декември во Ванкувер, Канада, се одржа „Канада опен 2024“ најголемиот интернационален натпревар во Канада и еден од најголемите на северно-американскиот континент во организација на Карате БК и Канадската карате федерација. На ова најголемо натпреварување Македонија традиционално беше претставувана од нашиот светски карате судија Дејан Милошевски.

На ова натпреварување настапија околу 900 спортисти од повеќе земји со 145 тренери и 80 карате судии. Дејан беше избран и за татами асистент и член на Комисијата за жалби, одговорна за решавање на сите официјални карате протести на овој натпревар.

Овој натпревар беше организиран во познатата спортска олимписка арена „Ричмонд олимписки овал“ која за прв пат беше направена и отворена во 2010 година за зимските Олимписки игри.

„Сакам да им честитам на Карате БК и Канадската карате федерација за одличната организација и големото гостопримство. Посебна благодарност за поканата до г. Тревор Валмлсеј, претседател на Канадската судиска комисија и член на Пан-американската (ПКФ) судиската комисија. Ми претставуваше особена чест што ме назначија за татами асистент и член на Комисијата за жалби. Позиции коишто носат висока одговорност и се една големо признание и потврда за мојот професионализам и работа. Македонија има со што да се гордее и е добро препознаена во каратето од оваа страна на светот. За жал, апсурдно е што нашата Федерација не успева да го признае континуираниот интернационален успех веќе 6-та година и покрај фактот што јас официјално ја претставувам токму неа. Љубовта кон каратето и Македонија секогаш ми биле водилка во животот, а токму успехот надвор од Македонија без официјална поддршка е најголемото признание на кое сум особено горд“, вели Дејан Милошевски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО