Стефан Стојановиќ од Макпетрол го освои златниот медал на Карате 1 Младинската лига во Венеција, Италија, совладувајќи го во финалето Олександер Козлијан од Украина со 3-1
Стојановиќ до финалето извојува четири победи.
Со оваа победа Стојановиќ покажа зашто е најдобар каратист во светот до 21 година во категоријата над 84 килограми.
Стефан ги исполни очекувањата на тренерот Петар Заборски и ја заокружи оваа година на најубав начин-прв во Младинската светска лига и на светската ранг-листа на ВКФ, евентуално втор.
Резултати Карате 1 Младинска лига:
У-21
+ 84 кг
Стефан Стојановиќ – Мика ван Вундерберг (Холандија) 5-0
Стефан Стојановиќ – Џонатан Росигноли (Италија) 1-0
Стефан Стојановиќ – Александер Дејвис (Луксенбург) 2-2
Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина) 1-0
Финале
Стефан Стојановиќ – Олександар Козлијан (Украина) 3-1